До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед денеска од 21:00 часот ќе го играат најголемото дерби на Англија.
Сенегалецот од редовите на Ливерпул Садио Мане е голем оптимист пред овој меч и порача дека неговиот тим ќе го победи Манчестер Јунајтед.
„Ќе го победиме Манчестер Јунајтед. Нормално дека така мислам. Сите веруваме во тоа“, рече Мане па се наврати и на својот трансфер во Ливерпул.
„Да бидам искрен, многу екипи се интересираа за мене и на лето 2015 година, но тогаш се одлучив да останам во Саутемптон. Интересот на други клубови ми дадоа поголема самодоверба на терен.
Знаев дека тоа е поради мојата напорна работа и труд.
Тренерот на Саутемптон Роналд Куман не сакаше да одам и јас му реков дека не е вистински момент за заминување и дека ќе останам. Во наредната година стигна повик од Ливерпул и не размислував многу. Знаев дека е тој момент“, рече Мане.
Мане во оваа сезона одигра шест мечеви во Премиер лигата и постигна три гола.















