Ивановски во три сета го мина првото квалификациско коло во Јокохама

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски славеше против Шинџи Хазава во првото квалификациско коло во Јокохама, Јапонија.

Ивановски беше подобар од Хазава во три сета, и тоа 3-6, 7-5 и 6-4 во натпревар кој траеше повеќе од два часа.

Македонскиот тенисер во следното квалификациско коло ќе се соочи против Јан Баи од Кина.