Дали враќањето на Надал ќе помине како тоа на Федерер?

Шпанецот Рафаел Надал најави дека ќе се врати на теренот во 2024 година, па тоа ги возбуди неговите фанови, но постојат и скептици дека тој ќе ги повтори настапите од минатото.

Надал сака да биде на највисоко ниво и да се бори за титули, но поранешниот тенисер Џим Куриер вели дека не треба да се очекуваат неверојатни резултати.

„Тоа што се надевам е да не го видиме она што му се случи на Федерер. Знаете дека и тој работеше напорно да се врати, па имаше лош потег и тоа беше крај за него. Да се надеваме дека нема да гледаме такво сценарио“, вели бившиот тенисер.