Мартинез бранеше навивачи додека полицијата крвнички ги тепаше (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вистинско лудило се случуваше на „Маракана“ пред почетокот на дербито меѓу Бразил и Аргентина, кога полицијата ги нападна гостинските навивачи.

Аргентина славеше со 1-0, но триумфот остана во сенка на хаосот на трибините, кога полицијата брутално ги тепаше аргентинските навивачи.

Голманот на „гаучосите“, Мартинез скокна и се обиде да му одземе пендрек на еден од полицајците, додека неговите сонародници немоќно го гледаа.