Официјално: Се огласија Интер и Икарди, ова е конечката одлука за судбината на проблематичниот напаѓач


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Мауро Икарди е топ тема во Италија. Проблематичниот Аргентинец се најде на удар на навивачите на Интер поради контроверзните делови од својата автобиографија на сметка на навивачите на Интер, кои пробаа дури да се пресметаат со својот довчерашен љубимец.

    Клубот по тој повод закажа состанок, а кој денеска е одлучено за Икарди сепак да остане капитен, но ќе сноси одредени последици и ќе плати казна поради кршење на клупскиот правилник.

    „Последните неколку дена беа многу тажни за мене. Но, како и во секоја фамилија, па така и во Интер, се случуваат несогласувања и проблеми. Недоразбирањата почнаа поради неколку страници од мојата книга кои се напишани во моменти на бес. Тие страници се напишани во непримерен тон и навистина се извинувам на сите навивачи кои се најдоа во тоа. Сепак, мислам дека сега треба да гледаме напред, и ако е можно да ги вратиме работите во нормала.

    Поради тоа сакав јавно да се извинам на навивачите на Интер и ветувам дека ќе направам се за поедини делови од книгата да се исфрлат, со цел во иднина да нема недоразбирања. Ја прифаќам одлуката на клубот, разговаравме и сега сакаме да гледаме напред, бидејќи никој не е поголем од Интер. Ќе бидам внимателен во иднина, само сакам да бидеме соединети повеќе од било кога“, рече Интер, а пренесува сајтот на Интер.