Клоп ја промени формацијата, Мурињо повторно спреми изненадување (СОСТАВИ)


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед од 21 часот го играат големото дерби на Англија, во осмото коло од Премиер лигата.

    Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп имаше поедини проблеми пред овој меч.

    Вајналдум и Лалана не успееја да се опорават на време за овој меч, па нивните места ги заземаат Емре Чан и Стариџ, што најавува формација на Клоп 4-2-3-1.

    Од друга страна, Жозе Мурињо сега веќе очекувано го изостави капитенот Вејн Руни, но на големо изненадуваање е што Ешли Јанг го замени Хуан Мата, додека во стартниот состав се наоѓа и Андер Ерера па останува да се види дали тој ќе игра позади шпицот или Пол Погба.