НБА-лигата му изрече казна на Јокиќ (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Денвер нагетс загуби од Сакраменто кингс со 117-123, а еден од најдобрите на паркетот беше Никола Јокиќ кој постигна 36 поени, 13 скокови и 14 асистенции.

Јокиќ во финишот на мечот направи еден потег поради кој доби казна од НБА-лигата и ќе треба да плати 2.000 долари.

Србинот симулирал прекршок по дуелот со Сабонис, па НБА поради тоа реши да го казни и да соопшти дека нема да толерира вакви потези.