Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Шкендија, Иван Челиковиќ починал на 34-годишна возраст.
Челиковиќ го носеше дресот на тимот од Тетово од 2017 до 2018 година и се закити со титулата.
Освен за Шкендија, тој играше и за Локомотива Загреб, Интер Запрешиќ, Солин и Конављанин каде што ја заврши кариерата.
„Утрово почина нашиот Иван Челиковиќ. Секогаш мил и весел, на теренот и надвор од него. Тешко е да се замисли дека повеќе те нема. Во овој момент е тешко да се пронајдат вистински зборови“, објави клубот Конављанин.