Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот шампион Барселона минатата сезона ја освои Ла Лига, но оваа година игра многу лошо и веќе го губат чекорот зад Жирона и Реал Мадрид.
Раководството на каталонскиот тим нема трпение за Чави, чии резултати се под стандардите на Барселона, па затоа се размислува за негова замена.
Новинарите на подкастот „Бар Каналатес“ најавуваат дека првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта наскоро ќе има состанок на кој ќе разговара за иднината на Чави.
Доколку решат да го избркаат Чави, веќе имаат четири кандидати, а тоа се Рафа Маркез од Барселона Б, Мишел од Жирона, Иманол Алгуацил од Реал Сосиедад и Тиаго Мота од Болоња.