Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ерик Тен Хаг би можел наскоро да добие отказ од Манчестер јунајтед откако испадна од Лигата на шампиони (ЛШ), но тимот не блеска ниту во Премиерлигата.
Тен Хаг го предводеше тимот од „Олд Трафорд“ на 86 натпревари и притоа има 53 победи, девет нерешени средби и 24 порази.
Англиски медиум објави дека наследник на Тен Хаг би можел да биде Грем Потер, кој имаше одлични резултати во Брајтон, но потоа разочара со Челси.
Потер на клупата на Челси имаше само 12 победи, осум ремија и 11 порази во 31 натпревар, а за неговиот потпис во Манчестер инсистира британскиот милијардер Џим Ретклиф.