До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа ремизираа на гостувањето против Ливерпул (0:0),во дербито од 8 коло на Премиер лига.
Иако сите со нетрпие очекуваа дерби на Енфилд, на крајот навивачите разочарани го напуштија стадионот.
Љубителите на фудбалот во Англија, но и навивачите на Јунајтед се разочарани со дефанзивната тактика на Жозе Мурињо.
Манчестер Јунајтед во второто полувреме беше фокусиран само на одбрана што не им се допаѓаше на навивачите на овој клуб.
Сепак, како и секогаш Муриуњо не сакаше да призна дека згрешил со избраната тактика.
„Тактика? Не го разбирам прашањето. Па ние не загубивме вечерва. Вие новинарите не сте јасни со прашањето. Јас знам дека сите го сакате Ливерпул“, рече Мурињо.















