До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дали ќе дојде до трансфер? Ќе се прашаат новите газди…
Челси чука на вратата на Милан, причина е младиот Ромањоли кого Конте сака да го доведе како засилување во одбраната.
„Росонерите“ порачаа дека не сакаат да преговараат и дека цената на играчот е 55 милиони евра, се верува дека сакаат на тој начин да го одбијат Челси.
Но, како што тврдат медиумите на Апенините, стигна шокантно прифаќање, Сините се спремни за толку да вложат во еден од најталентираните стопери во Серија А и момче кој во овие квалификации го замени повредениот Киелини.
Но, тешко дека Милан ќе прифати за во јануари да го продаде играчот, ќе се прашаат кинеските сопственици кои се во процес на превземање на клубот.
Челси го нуди и Фабрегас како дел од целата приказна, но во Милан се оладија од шпанскиот плејмејкер.
Сметаат дека е прескап, дека не гарантира ништо, па тешко дека ќе го пушти во оваа авантура.
Ромањоли Михајловиќ го доведе од Рома, поради тоа што го тренираше во Сампдорија, за 25 милиони евра, многу тогаш имаше коментари дека се во прашање фрлени пари, но цената на Ромањоли порасна дупло повеќе за повеќе од година дена.















