Познато кога ќе дебитира Ѓулер за Реал Мадрид


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот турски репрезентативец Арда Ѓулер пристигна минатото лето во Реал Мадрид како големо засилување за иднината на шпанскиот гигант, но сè уште не го дочека своето деби.

Ѓулер по пристигнувањето во Мадрид се повреди неколку пати и остана надвор од терените во првата полусезона за „кралевите“, но наскоро се очекува да се врати на теренот.

Турчинот и денешниот тренинг го одработил без никакви проблеми и делува дека е подготвен да се појави на теренот во „кралскиот дрес“, а тоа воедно ќе биде најголемо засилување за Реал Мадрид во зимскиот преоден рок, објави „Марка“.