Ѓорческа ја дозна првата противничка во квалификациите за Австралијан опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во првото квалификациско коло на Австралијан опен ќе се бори против Катарзина Кава од Полска.

Македонката се наоѓа на 212. место на ВТА-листата, додека нејзината прва противничка е на 197. Позиција ѕво светот.

Ѓорческа досега најблиску до пласман во главната ждрепка на гренслем-турнир беше во 2017 година, кога стигна до третото квалификациско коло. Мечот меѓу Ѓорческа и Кава се игра во вторник во утринските часови.