Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ на ждрепката за Австралијан опен го дозна патот по кој треба да помине за да стигне до титулата.
Ѓоковиќ ќе го почне турнирот против квалификант на кој дополнително треба да му се дознае името, а потоа во трето коло би можел да игра против Енди Мареј или Гаел Монфилс. Според проекциите, во четвртото како можни противници се Вавринка, Баутиста Агут и други.
Србинот потоа би можел да игра против Бен Шелтон во осминафинале, а за четвртфинале како ривали би ги имал Циципас или Синер.
Алкараз на ждрепката немаше многу среќа и би можел да игра против Руне, Руд или Медведев, додека турнирот го почнува против Ришар Гаске.