Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер би можел да се врати на работа по двегодишната пауза и да стане селектор на Шведска.
Солскјер долго време ја чекаше вистинската шанса, а по оставката на Јане Андерсон му се отвора нова опција во Шведска.
Тренерот веќе одби неколку понуди од Саудиска Арабија, но и од турски Бешикташ со надеж дека ќе се врати во Премиерлигата.
„Имав понуди во последно време, две од Саудиска Арабија. Мојот најдобар пријател кој ми е и агент одлучи сите да ги одбиеме. Кога во кариерата си го водел Манчестер Јунајтед критериумите се поинакви. Ја сакам Англија и Премиер лигата“, кажа Солксјер во септември.