Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин е убеден дека Манчестер сити ќе биде виновен за кршење на правилата за финансискиот фер-плеј.
Англискиот гигант е обвинет за кршење на дури 115 правила, поради кои му беше изречена двегодишна суспензија за настап во натпреварувањата на УЕФА, меѓутоа казната не беше реализирана.
„Цели 25 години бев адвокат и знам дека некогаш може да загубите случај за кој што сте убедени дека го добивате, но има и други случаи. Затоа не сакам да коментирам, но сигурен сум дека одлуката ќе биде вистинска“, кажа Чеферин.
Судењето за неправилностите кои ги направиле „граѓаните“ е закажано за следната година.