Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид не беше задоволен од судењето против Атлетико Мадрид, а тоа го кажаа „кралевите“ по дербито во главниот град на Шпанија.
„Реал Мадрид ТВ“ објави емисија со спорните моменти од натпреварот, а притоа беше обвинет судијата Хозе Санчез Мартинез дека не досудил три пенали за „кралевите“.
„Првиот пенал беше при дуелот на Саул и Лукас Васкез. Другите два пенали се врз Белингам“, беше објавено на телевизијата.
Интересно е тоа што оваа реакција доаѓа по нападите кон „кралевите“ дека добиваат судиска помош во Ла Лига.