Најдобриот маратонец во светот загина во сообраќајка!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кенискиот атлетичар Келвин Киптум, кој минатата година постави светски рекорд на маратоните, загина на 24-годишна возраст во сообраќајна несреќа.

Киптум минатата година истрча 42 километри за 2 часа и 35 секунди, а тоа беше нов светски рекорд.

Светот денеска е во шок по трагичните вести, а сообраќајката се случила на патот Елдорет-Каптаг во Кенија.

Киптум излетал со своето возило, а во автомобилот бил и неговиот тренер Жерваис Хакизамана кој го загубил животот.