Автомобил удри во автобусот со фудбалерите на Реал Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид утре од 21 часот гостува кај Лајпциг во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“, сепак, на пат кон Лајпциг доживеале непријатни моменти затоа што во нивниот автобус удрил автомобил.

Автомобил во обид да го премине автобусот предизвикал сообраќајка, но за среќа има само материјална штета, односно возачот и фудбалерите на Реал Мадрид не се повредени.

По краткиот застој, „кралевите“ со нивниот автобус продолжиле кон хотелот во кој треба да бидат сместени пред утрешниот натпревар.