Тиаго Силва не чекаше долго: Познато е името на новиот клуб?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Бразилскиот фудбалер Тиаго Силва потврди вчера за француските медиуми дека во јануари најверојатно ќе ги напушти редовите на ПСЖ.

    Силва во ПСЖ стигна во 2012 година, а неговиот сегашен договор со оваа екипа истекува на крајот на сезоната.

    Бразилецот нема намера да го продолжи па француската екипа е приморана да го продаде во јануари со цел нешто да заработи.

    Овој 32-годишен фудбалер потврди дека има намера да го напушти ПСЖ, и да најде нов предизвик во својата кариера.

    Италијанските медиуми денеска пренесоа дека Јувентус е заинтересиран за неговите услуги, и дека челниците на Старата дама веќе испрати понуда за Бразилецот.

    Сеуште не е познато колку ПСЖ ќе заработи од продажбата на овој играч, а за Јуве голем проблем може да гбиде платата на Силва.

    Бразилецот во ПСЖ годишно заработува 13 милиони евра и јасно е дека ќе мора да прифати на доста помал износ доколку не сака да остане во редовите на актуелниот шампион на Франција.

    Шампионот верува дека Силва може да го наследи Барзаљи во наредните неколку години во ионака најдобрата одбрана во Европа, со Киелини и Бонучи. Јасно, ова ќе биде тежок удар за Милан, но е невозможно да се замисли ваков расплет.

    Во секој случај Росонерите се на потег, ќе видиме дали кинеските сопственици кои до зима го преземаат клубот ќе реагираат о дало Тиаго Силва има време да го чека процесот на враќање на Милан на стазите на старата слава.
    Се чини дека и ова најава дека заминува е веројатно дел од притисокот до ПСЖ да му понудат нов договор, но како што рековме, се прашува Емери…