Најбаран играч од источниот пазар во излогот на „Емирати“: Се спрема трансфер што сите ќе ги изненади


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Напаѓачот на Лудогорец Џонатана Кафу, многу веројатно, ќе биде најбаран играч од источниот пазар во претстојниот преоден рок.

    Младиот фудбалер кој во Бугарија дојде пред година дена веќе има понуда од Лацио, но римскиот клуб ќе има пеколна конкуренција.

    Британските медиуми веќе пишуваа за интересотна Лестер, а брзоногиот напаѓач во текот на вечерашниот двобој во ЛШ меѓу Арсенал и Лудогорец ќе биде под посебна лупа на тренерот на Челси Антонио Конте.

    Италинанскиот стручнак најави дека ќе биде во централната ложа на “Емирати“, а бугарските медиуми додаваат дека избрал мета.

    Наводно, Џонатан Кафу кај скаутите на и стручниот штаб на Челси привлече внимание во текот на квалификациите и првиот натпревар во групите од ЛШ. Посебно апостофираше неговата индивидуална акција во дуелите со Црвена Звезда и Базел.