Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш денеска беше осуден на четири ипол години затвор поради сексуален напад на крајот на 2022 година.
Алвеш беше прогласен за виновен, а најверојатно ќе се жали за одлуката на второстепен суд, но и покрај тоа се спаси од голема казна.
Сите сметки на Алвеш беа блокирани за време на судењето, а голема помош му дал Нејмар кој исплатил 150.000 евра на силуваната девојка и помогнал неговиот сонародник да добие помала казна.
Алвеш и Нејмар се пријатели, а заедно играа и за Барселона, но и во бразилската репрезентација.