Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо во изјава за медиумите кажа дека е посветен на бундеслигашот со кој сака да ја освои Бундеслигата, а потоа ќе размислува за иднината.
Ливерпул и Баерн Минхен активно бараат нови тренери, откако беше соопштено дека Чави Ернандез и Томас Тухел ги напуштаат гигантите.
„Можеби имате прашања за мојата иднина, но немам што да кажам. Во моментов сум во Леверкузен и тоа е сигурно. Засега немам ништо за мојата иднина, ќе видиме што ќе се случи“, кажа Алонсо.
Леверкузен по 22 одиграни кола се наоѓа на првата позиција со 58 бодови, односно осум повеќе од Баерн Минхен.