Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вашингтон стејт славеше против Стенфорд со 79-62 и обезбеди пласман во полуфиналето на НЦАА-лигата, а македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски одигра одличен натпревар.
Јакимовски за 37 минути поминати на паркетот постигна 13 поени, а имаше и шест скокови и една асистенција.
Екипата на македонскиот интернационалец во следното коло ќе игра против Колорадо, а мечот е закажан за вечерва од 3.30 часот.