Фудбалер на Фенербахче со волеј шутна навивач во глава (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ужасен инцидент се случи вчера на турското дерби меѓу Трабзонспор и Фенербахче (2-3), кога голем број навивачи на домаќинот втрчаа на теренот.

Навивачите на Трабзонспор втрчаа на теренот за да се пресметаат со фудбалерите на Фенербахче, но еден од нив го извлече подебелиот крај.

Џејден Остерволде налета на еден противнички навивач и со волеј го удри во главата додека лежеше на тревата.