Француски тенисер се онесвести среде натпревар (Видео)

Во квалификациите за мастерсот во Мајами се случи непријатна сцена кога францускиот тенисер Артур Казо се онесвести.

Казо за време на мечот против Харолд Мајо се онесвести и падна на теренот, по што доби медицинска помош.

Французинот не можеше да го продолжи натпреварот и реши да се предаде.