До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Пари Сен Жермен Марко Верати рече дека е „100 проценти спремен“ за играње, и дека сака да ја освои Лигата на шампионите пред да го напушти парискиот клуб.
Репрезентативецот на Италија го пропушти летното ЕП за да ги оперира препоните и така го реши проблемот со повредата.
„Се чувстувам навистина добро, прв пат после неколку години. Можам да одиграм два натпревари неделно а да не бидам “мртов“ како порано. За играње најважно е да бидам 100 % спремен, физички и ментално. Тоа во минатата сезона не ми се случи“, рече Верати во интервју за Фигаро.
Една од старите цели на ПСЖ е освојувањето на Лигата на шампионите, што на клубот не појде за рака, но Верати рече дека резултатите во европските натпреварувања не се услов за негово останување.
„Во суштина, за заминување размислувам ако не сум среќен. Засега се чувствувам добро во овој клуб и овој град. Дел од проектот е започнат пред да дојдам. Се чувствувам важен, како и член на фамилијата. Не е само до мене, јас би бил среќен да останам долго овде. Навистина сакам да ја освојам Лигата на шампионите пред да заминам. Тоа е предизвик кој на себе си го поставив, а исклучително сум тврдоглав“, рече Верати.
ПСЖ во последните четиги години испаѓа во четвртфиналето.
„Целта ни е во оваа година да одиме понатака од минатата, но тоа ќе биде многу тешко. Има тимови кои се поголеми фаворити од нас, како што се Баерн Минхен или Барселона. Мораме шрво да го поминеме четвртфиналето и да ја совладаме таа пречка. Вредно работиме на тоа“, рече Верати.















