До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Девојката на Мауро Икарди Ванда Нара тврди дека Аргентинецот нема да замине од Интер.
Икарди влезе во војна со дел од навивачите на Интер, кои сакаат да го избркаат од клубот, но девојката на Аргентинецот и воедно агент Ванда Тара тврди дека тоа нема да се случи.
„Нема да замине од Интер, ќе остане 100 %. Ќе остане капитен на тимот, нема никакви сомневања“, рече Ванда, која уште додаде:
„Имаше шанса да оди во летото, но се одлучи да остане бидејќи е врзан за Интер“.
Сигурно е дека изјавата на Ванда долеа само масло на огнот и дека Икарди ќе стане уште поомразен кај навивачите.















