До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Лестер после вистинска сензација и освојување на титулата шампион на Англија, во оваа сезона многу лошо влезе во првенството.
Сепак, во ЛШ одлично тргнаа и имаат три победи од три кола, но тоа не го импресионира Рој Кин.
Легендата на Манчестер Јунајтед Рој Кин верува дека наскоро Лестер повторно ќе биде просечен тим.
„Мораат да се потсетат како стигнаа до Лигата на шампионите. Така што го искинале газот секој викенд во Премиер лигата.
Разочаран сум од тоа што го направија. Мислам дека многу брзо повторно ќе биде просечен англиски клуб“, истакна Кин.
Лестер е моментално на 13 место од Премиер лигата со само осум освоени бодови.















