„Поразот од Барселона не ми е најтежок во кариерата“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Барселона синоќа на Ноу Камп го прегази Манчестер Сити на Пеп Гвардиола.

    Каталонците својот некогашен тренер го почестија со четири гола во мрежата (4:0), но Гвардиола призна дека ова не му е најтежок во кариерата.

    Најтежок му падна поразот во Лигата на шампионите во 2014 година, кога како тренер на Баерн на Алијанц Арена беше прегазен од Реал Мадрид (4:0).

    „Ова не ми е најтежок пораз во кариерата. Потежок ми беше во 2014 година кога Реал ме доби со 4:0. Тоа беше целосен распад, од тактика до се друго“, истакна Гвардиола.

    Сити во наредното коло на Итихад ќе ја угости Барселона и ќе има шанса за одмазда.