До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Воодушевен од партијата на Лионел Меси во натпреварот против Манчестер Сити беше и Луис Енрике.
Аргентинецот после повредата се враги на големата сцена и во синоќешниот натпревар постигна хет-трик во убедливата победа, а коментар на неговата игра имаше и тренерот на каталонскиот клуб Луис Енрике.
„Меси беше разликата. Тој е вклучен во сите клучни моменти од натпреварот. Играше како да е во школски двор, а не му беше важно што допрва излезе од повреда. Едноставно, тоа е Меси“, рече Енрике после мечот.
Барселона против Манчестер Сити во ЛШ славеше со високи 4:0 и во групата Ц после три кола има максимален учинок.















