Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер јунајтед славеше против Ковентри на пенали, но имаше водство од 3-0, па се донесе до ситуација да бара спас од ВАР-технологијата во 121. минута од средбата кога прими гол за 3-4.
Навивачите и стручните коментатори го критикуваа премиерлигашот за настапот во ФА-купот, а тренерот Ерик Тен Хаг им се налути и испрати јасна порака.
„Не ви ги разбирам реакциите. Коментарите од стручните лица и медиумите се срамни. Јас како тренер обезбедив четири финалиња во четири години и овие коментари се срамни“, кажа Тен Хаг.