Ливерпул го договори новиот тренер, но неговата екипа прави проблеми!

Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул ги договорил условите со Арне Слот кој треба да биде наследник на Јирген Клоп, но Феенорд му прави проблеми.

Слот имаше неколку состаноци со Ливерпул, а премиерлигашот испратил и понуда до Феенорд, но истата била одбиена.

Ливерпул понудил „само“ девет милиони евра, но Феенорд смета дека тоа не е доволно за да го пушти стратегот.

Слот минатата сезона направи изненадување и ја освои титулата во домашното првенство.