Миовски доби две награди: Ова е доказ дека сè правам од срце!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин и тоа беше наградено.

Миовски оваа сезона постигна 24 гола во сите натпреварувања за Абердин и беше избран за играч на сезоната.

„Им благодарам на сите мои поддржувачи кои гласаа за мене, покажавте колку ви значи тоа што го правам на теренот. За мене овие две награди се доказ дека се што сум направил за овој тим е од срце“, кажа Миовски.