До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Aрсенал процвета, а после нешто слабиот старт предизвикано од повредите, екипата на Арсенал просто блеска.
Поразени се на самиот старт на Премиер лигата од Ливерпул, но од тогаш не знаат за пораз. На 12 меча во новата сезона, сметајќи и на натпреварот со Редсите, имаат еден изгубен меч, две реми и девет победи, дури седум врзани победи во сите натпреварувања.
Може да се каже дека се во најдобра форма во Европа, а тоа се докажа и против немоќниот Лудогорец кои ги спакуваа со шест голови.
После синоќешниот убедлив триумф на Емирати се појавија нови добри вести за навивачите на Топџиите. Имено, управата на клубот спрема три нови договори.
Според пишувањата на медиумите во Британија, соработката со клубот треба да ја продолжат главните ѕвезди на тимот Месут Озил и Алексис Санчез и шефот на стручниот штаб Арсен Венгер.
Францускиот стратег има договор до крајот на тековната сезона, беше на удар на навивачите поради уште една сезона без трофеј, па и поради „штедењето“ во летниот преоден рок, но сега е јасно дека кризата ја препороди и повторно ги придоби навивачите на Арсенал.
Оттука и нов договор, со што Венгер на Емирати може да се задржи уште дополнителни две години.
Доколку Французинот парафира нова соработка, се верува дека тоа ќе го направат Озил и Санчез. Двајцата имено имаат договори кои на Арсенал ги задржуваат помалку од две години, имаше и приказни и порано околу нивните договори, но сега е се јасно.
Прво Венгер, а потоа по неговите чекори ќе одат и неговите адути, германскиот играч за врска и чилеанскиот офанзивец.















