Дончиќ и болен го растури Клиперс (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лука Дончиќ постигна 35 поени, 10 асистенции и седум скокови во победата на Далас маверикс против Лос Анџелес клиперс (123-93) во петтиот меч од плејоф серијата.

Постигнувањето на Дончиќ е уште поголемо поради тоа што словенечкиот кошаркар играше болен и повреден.

„Мислам дека одигравме голем натпревар. Имаме предност и мора да победиме на уште еден меч. Не ми беше лесно на паркетот, имав проблеми со дишењето и коленото, но не се откажувам лесно“, кажа Дончиќ.