Ристовски за навивачите на Риека: Не ве мразам, но ја загубивте мојата почит!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски заедно со Динамо Загреб славеше против Риека (2-1) и направи исчекор кон титулата во хрватската лига.

Навивачите на Риека не беа среќни поради лошиот резултат и го навредуваа македонскиот фудбалер, односно неговата почината мајка.

„Не ве мразам, но ја загубивте мојоата почит. Семејството е поважно од сè. За тебе, мајко“, напиша Ристовски.

Динамо има четири бодови повеќе од Риека на три кола пред крајот на сезоната.