Дончиќ ќе го пропушти третиот меч против Оклахома


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ е повреден и ќе го пропушти третиот меч против Оклахома во плејоф серијата од НБА-лигата.

Словенецот има големи болки во десното колено, но и болка во левиот зглоб, па поради тоа Далас реши да не ризикува и да го одмори.

Дончиќ е еден од најважните кошаркари на Далас и оваа сезона, а на вториот меч против Оклахома постигна 29 поени, 10 скокови и седум асистенции.

Третиот меч меѓу екипите се игра вечерва од 21.30 часот.