Ѓоковиќ пред Ролан Гарос: Не сум меѓу фаворитите за титулата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ кажа дека не е фаворит за титулата на Ролан Гарос, откако вчера загуби од Томаш Махач во полуфиналето во Женева.

Ѓоковиќ ќе ја почне одбраната на титулата во Женева против Пјер-Иг Хербер од Франција, но српскиот тенисер се наоѓа во лоша форма оваа сезона.

„Загрижен сум, воопшто не играм добро оваа сезона. Не сум меѓу фаворитите на Ролан Гарос. Имам многу работа, се надевам дека ќе бидам здрав и подготвен“, кажа Ѓоковиќ.