Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот напаѓач Хари Кејн заврши како најдобар стрелец во Европа, откако оваа сезона постигна 36 голови во Бундеслигата.
Головите се множат со коефициент 2.00, па така стигна до 72 поени, односно повеќе од останатите напаѓачи во Европа.
Кејн зад себе ги остави Гираси, Халанд, Мбапе и Опенда, но за жал не освои ниту еден пехар со Баерн Минхен.
Играчот на Баерн воедно стана втор англиски фудбалер кој ја освоил оваа награда, откако тоа претходно му успеа на Кевин Филипс од Сандерленд.