Родриго кажа дали ќе го напушти Реал Мадрид ова лето


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Бразилецот Родриго даде коментар за шпекулациите дека ќе замине од Реал Мадрид ова лето, односно кажа дека огромни се шансите да остане во шпанскиот шампион.

Родриго има договор со „кралевите“ до 2028 година и не планира да замине од клубот претходно, иако следната сезона ќе има жестока конкуренција поради доаѓањето на Килијан Мбапе.

„Не ми паднало на ум да заминам од Реал Мадрид“, кажа Родриго.

Талентираниот фудбалер оваа сезона настапи на 50 натпревари, а притоа постигна 17 голови и девет асистенции.