Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант Челси бара ново решение во нападот, а меѓу опциите се споменуваше Виктор Осимен, но очигледно „сините“ се повлекле од таа идеја и бараат друг напаѓач.
„Телеграф“ пишува дека Челси сака да купи нов напаѓач од Чемпионшип, односно станува збор за Крисенсио Самервајл кој има 22 години и игра за Лидс.
Лидс остана без промоција во Премиерлигата, па тоа е една од причините поради кои сака Самервајл да си замине, а трансферот ќе чини околу 30 милиони фунти.
Челси ќе се обиде да ја намали цената на напаѓачот бидејќи Лидс мора да се ослободи од дел од играчите откако остана без место во елитата.