Мареска го презема Челси и веднаш посака засилување од Манчестер сити

Челси денеска потврди дека на кормилото ќе седне Енцо Мареска, по што почнаа шпекулациите за новите засилувања на премиерлигашот.

Мареска наводно бил заинтересиран за фудбалерот на Манчестер сити, Џејмс Мекати, а засега не е познато колку пари е подготвен да плати гигантот од Лондон.

„Сините“ исто така ќе се борат и со Њукасл за услугите на голманот на Валенсија, Мамардашвили.