Ирвинг зборуваше за проблемите во Далас: Сè почнува од мене…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Далас маверикс го загуби првиот финален меч против Бостон селтикс, а по дуелот за проблемите во играта зборуваше Кајри Ирвинг.

Ирвинг откри во кој дел од играта најмногу потфрлиле неговите соиграчи и посочи дека мора да бидат подобри во иднина.

„Мора да бидеме подобри во следниот меч. Мора да бидеме побрзи во акциите и движењето на топката. Сè почнува од мене. Јас сум тој што го диктира ритамот, треба да создавам лесни шанси и да се прилагодам на сè што ривалите ќе го подготват за нас“, кажа Ирвинг.

Вториот меч се игра во ноќта меѓу недела и понеделник од 02.00 часот во Бостон.