Не се по негов вкус: Мареска веднаш продава четири ѕвезди на Челси


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Енцо Мареска потпиша петгодишен договор со премиерлигашот Челси и ќе се обиде следната сезона да го врати каде што му е местото во лигата.

Мареска веднаш почна да размислува за засилувања, но претходно ќе продаде четири фудбалери кои вредат 145 милиони фунти.

На листата за отстрел се Тревор Чалоба, Беноа Бадиашил, Роберт Санчез и Марк Кукуреља, по што Мареска ќе бара нови фудбалери за екипата.

Челси веќе потпиша договор со нов дефанзивец, а тоа е Тосин Адерабијо кој доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Фулам.