Шпанскиот суд направи преседан поради случајот со Винисиус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Валенсија, кои расистички го навредуваа Винисиус Жуниор, денеска ја дознаа казната од шпанскиот суд.

Судот во Валенсија изрече затворска казна во времетраење од осум месеци за тројца навивачи кои го навредуваа Винисиус на дуелот во мај 2023 година.

Навивачите, исто така, ќе бидат отстранети од стадионите во следните две години поради нивниот потег.

Ла Лига соопшти дека ова е историска одлука затоа што ова се првите навивачи казнети поради ваков случај.