Три гиганти го сакаат Родриго, но неговата желба е јасна


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Родриго привлече голем интерес од неколку екипи, но неговата желба е јасна, а тоа е да остане во Реал Мадрид

Родриго не планира да замине од „Сантијаго Бернабеу“ без разлика на тоа што најверојатно нема да биде прв избор во дресот на „кралевите“.

Реал Мадрид од следната сезона ќе ги има Килијан Мбапе и Ендрик во нападот, па поради тоа ќе биде загрозена позицијата на Родриго.

Родриго доби понуди од ПСЖ, Манчестер сити и Челси, но и покрај тоа сака да се бори за своето место во Мадрид.