Надал ќе го пропушти Вимблдон зашто имал други планови

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на Вимблдон оваа година затоа што сака да се фокусира на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Надал беше повреден и се мачеше да се врати на теренот, но сега решил да одмори до Олимпијадата на која ќе го нападне златниот медал.

Планот на Надал го потврди и шпанскиот тренер Давид Ферер, кој откри дека најтрофејниот шпански тенисер ќе игра со Карлос Алкараз во двојки.