Реал Мадрид нуди 50 милиони евра за „новиот Варан“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид го ангажира Килијан Мбапе, но планира летово да земе уште неколку играчи.

„Кралевите“ сакаат играч кој треба да стане „новиот Варан“. Рафаел пристигна во Мадрид од Франција, а сега по негови стапки би можел да тргне и Лени Јоро.

Претседателот на шпанската екипа, Флорентино Перез понуди 30 милиони евра пред десетина дена, но се зголеми интересот за Јоро, па „кралевите“ ја зголемија понудата.

Јоро има договор со Лил до 2025 година, па француската екипа не би одбила понуда од 50 милиони евра.